Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш реагираше на најновото соопштение на ФК Гостивар, во кое беше изразен сомнеж за саботажа на гостите со труење со храна.
Сепак, Тиквеш потенцира дека тимот на Гостивар бил во карантин во Неготино, а не во Кавадарци, и дека ќе поднесе тужба за клевета против клубот.
Во соопштението на ГФК Тиквеш се вели:
„Градскиот фудбалски клуб Тиквеш ја информира спортската јавност во врска со новото соопштение на ФК Гостивар, дека сите нивни информации се невистинити !
Од нивното соопштение разбравме дека фудбалерите и стручниот штаб биле сместени во карантин, но за вистина на јавноста престојувале во хотел во Неготино.
Никој од стручниот штаб на гостите пред почетокот на натпреварот не пријави проблем со фудбалерите, истите беа уредно пречекани и се беше во најдобар ред се до почетокот на натпреварот.
Исто така имаме информација дека поголем дел од фудбалерите верници на муслиманската вероисповед, се придржуваат кон Рамазанскиот пост.
Управата на ГФК Тиквеш ќе поднесе соодветна пријава и тужба против ФК Гостивар, за изјавените обвиненија, саботажа и клевета кон нашиот клуб, како и за манипулирање на јавноста со вистината!“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













