Македонскиот прволигаш Тиквеш го официјализираше новото засилување – во клубот се враќа искусното десно крило Иван Ивановски. 30-годишниот фудбалер минатата сезона го носеше дресот на Гостивар, а сега повторно ќе игра пред публиката во Кавадарци.
Ова е веќе трет престој на Ивановски во Тиквеш, клуб со кој има посебна поврзаност. Во кариерата настапуваше и за Силекс, како и за босанскиот второлигаш Звјезда Градачац.
Со овој потег, Тиквеш продолжува активно да го оформува тимот за новата сезона. Клубот амбициозно гледа кон предизвиците во Првата лига и најавува борбен и конкурентен состав за 2025/26.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













