
Aтмосферата пред финалето на Лигата на шампионите во Минхен беше релативно мирна и без сериозни инциденти, но, сепак не помина целосно без проблеми. Неколку часа пред првиот судиски свиреж, навивачите на Пари Сен Жермен и Интер влегоа во физички пресметки во метрото на Минхен, што предизвика доцнење на сообраќајот на две линии.
Inter and PSG fans clashed in the Munich metro this afternoon, ahead of tonight’s UCL final. pic.twitter.com/x8VDNwHZyC
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) May 31, 2025
Според извештаите на „Л’Екип“ и „Билд“, имало неколку повредени навивачи на парижаните, а полицијата морала да интервенира со употреба на солзавец за да го врати редот. Засега нема информации за потешки повреди, но инцидентот предизвикал сериозен безбедносен ризик.
Во меѓувреме, дел од најстраствените поддржувачи, ултрасите на двата тима, веќе се позиционирани на трибините на „Алијанц Арена“, каде што се очекува жешка навивачка атмосфера за големото финале. Минхенските власти и организаторите остануваат во состојба на зголемена готовност пред и за време на натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
