Connect with us

Тен Хаг даде „наредба“ Јунајтед да тргне по Гонсало Рамош

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го избрал Гонсало Рамош од Бенфика како прв пик за засилување во нападот во зимскиот преоден рок. Раководството на клубот треба да се обиде да ја реализира неговата желба иако тоа нема да биде лесна задача.


Гонсало Рамош е еден од важните играчи на Бенфика, блесна по заминувањето на Дарвин Нуњез, а доби шанса и место Кристијано Роналдо во репрезентацијата на Португалија. Тој постигна хет-трик за Португалците во победата од 6-1 над Швајцарија во осминафиналето.


Бенфика за него бара 120 милиони евра. Доколку Манчестер Јунајтед не успее да го комплетира неговиот трансфер, тогаш следните опции се Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, Мемфис Депај од Барселона и Рафаел Леао од Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови