Connect with us

Суперталентот Тошевски потпиша за Ростов

Работнички по Елиф Елмас успева да продаде уште еден суперталентиран фудбалер во реномиран европски клуб. Овојпат станува збор за 18-годишниот напаѓач Давид Тошевски, кој денеска го комплетираше трансферот во тимот на Ростов. „Романтичарите“ во изминатиот период преговараа со неколку клубови кои покажаа сериозен интерес за да го доведат Тошевски, но Русите беа најконкретни во разговорите, по што беше постигнат целосен договор за трансферот на младиот голгетер.

„Можеме да потврдиме дека е псотигнат договор меѓу Ростов и Работнички за трансферот на Давид Тошевски, со кого е потпишан петгодишен договор. Му посакуваме добредојде на Давид и му посакуваме блескава иднина во сино-жолтиот дрес“, објави Ростов на официјалната веб-страница на клубот.

Тошевски досега има одиграно 21 натпреар во прволигашка конкуренција, постигнувајќи пет погодоци и три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови