
Во пресрет на двомечот против Белгија и Казахстан, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го сподели своето размислување во интересно интервју објавено како дел од новиот проект на Фудбалската федерација на Македонија.
Димитриевски зборуваше отворено за амбициите на селекцијата во тековните квалификации, нагласувајќи дека атмосферата во тимот е позитивна и дека веруваат во позитивен резултат.
„Се подготвуваме максимално и свесни сме за важноста на двата меча. Секој бод е значаен, особено против ривали од рангот на Белгија. Веруваме во нашите квалитети и ќе се бориме до последна минута“, истакна Димитриевски.
Коментирајќи го противничкиот тим, тој рече дека Белгија е селекција со врвни индивидуалци и искуство, но дека токму тоа е дополнителен мотив за нашите фудбалери да се покажат во најдобро светло.
На прашањето за тоа дали Тибо Куртоа е моментално најдобриот голман во светот, Столе искрено одговори:
„Кога е во топ форма, Куртоа е еден од најдобрите, ако не и најдобар. Но, секој има свој стил и силни страни – во фудбалот нема совршен рецепт, секој меч е нова приказна.“
Македонија го пречекува фаворизираниот тим на Белгија на 6 јуни на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, по што следува тешко гостување кај Казахстан. Овие два натпревари може да бидат пресудни за текот на квалификациите и шансите за историски пласман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
