Голманот Столе Димитриевски е во одлична серија без примрен гол повеќе од 620 минути.
Димитриевски вели дека среќа секогаш му било да се појави на прес конференција пред меч во Скопје, затоа што потоа сигурно не прима гол. Се надева дека оваа традиција ќе продолжи и утревечер на Арената.
„Лично сакав да дојдам на прес-конференцијата. Традиција ми е кога сум на прес тука пред вас на дуел во Скопје, секогаш сум со чиста мрежа. Се надевам дека и овојпат ќе биде така. Ако успеам да не примам гол имаме минимално реми. Работиме, фокусирани сме и зошто да не можеме да стигнеме до победа“, изјави Димитриевски.
Голманот потенцираше дека ова ќе биде и многу емотивен меч за македонските репрезентативци, затоа што е прв на домашен терен по трагедијата што се случи во Кочани.
„Многу беше тешко да се игра во Лихтенштајн затоа што еден ден пред мечот беа погребите на настраданите. На социјалните мрежи имаше многу потресни слики. На македонскиот народ му е потребна љубов, да бидеме сплотени, целиот народ е повреден и во овој момент е потребна само љубов. За Македонија, за репрезентација. Мојата порака е да бидеме сплотени и да има љубов“, порача Димитриевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













