Повеќе од позитивно е расположението во редовите на Македонија ЃП пред утрешното финале од Купот на Македонија против Академија Пандев.
Поранешниот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ потенцира дека постои огромен мотив меѓу „лавовите“ да се дојде до победата….
„Сакаме да го вратиме куп трофејот повторно во Ѓорче Петров. Имаме исцрпувачка сезона зад нас, но овде се се заборава на вакви дуели и сигурно ќе дадеме се од себе да стигнеме до победата. Има многу искусни фудбалери во редовите на нашиот тим кои знаат како треба да се однесуваат на вакви дуели и кои верувам може да донесат трофеј“ – вели Стјепановиќ.
Македонија ЃП во својата историја има две финалиња во Купот на Македонија. Славеше во сезоната 2005/06 против Шкендија, а во сезоната 2008/09 по изведување на пенали загуби од Работнички.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski