Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, по завршувањето на тековната сезона ќе го напушти хрватскиот шампион Динамо Загреб. Како што пренесуваат хрватските медиуми, искусниот дефанзивец одбил да го продолжи договорот со „Модрите“, откако му бил понуден нов договор со значително пониски финансиски услови.
Неделниот натпревар против Вараждин ќе биде неговиот последен во дресот на Динамо, со што ќе стави крај на една значајна етапа во својата кариера. Иако Динамо ќе се обиде да стигне до нова шампионска титула, Ријека важи за главен фаворит за трофејот во пресрет на последното коло.
Иднината на Ристовски засега останува неизвесна, но се шпекулира дека неколку клубови од Блискиот Исток се заинтересирани за неговиот потпис. Доколку се остварат тие шпекулации, тоа би значело нов интернационален предизвик за 32-годишниот бек.
Ристовски е веројатно првиот од т.н. „сенатори“ кој ќе си замине од „Максимир“, но не е исклучено дека неговиот пример ќе го следат и други, како Аријан Адеми, Даниел Загорец, па дури и Бруно Петковиќ, во зависност од развојот на преговорите со новиот спортски директор на клубот, Звонимир Бобан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













