Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ја пречекува Летонија во пријателски натпревар на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Против оваа селекција досега имаме перфектен скор, односни пет победи во досегашните пет одиграни натпревари.
По ова, јасно е дека македонските фудбалери се фаворити и дека денеска ќе се атакува и на шестиот триумф, иако главното внимание сепак е насочено кон гостувањето во Кардиф и квалификацискиот дуел со Велс.
Првиот меч со Летонија датира од 5 март 2014 година, пријателски меч во Скопје, кој го добивме со 2-1 со головите на Јован Костовски и на Агим Ибраими.
Пет години подоцна, на 21 март 2019 година, исто така во Скопје, во квалификациите за Европското првенство, славевме со 3-1, а стрелци беа Езгјан Алиоски и двапати Елиф Елмас.
Во септември истата година, на гостувањето во Рига, повторно во квалификациски дуел, победивме со 0-2 благодарение на головите на Горан Пандев и Енис Барди.
На 10 октомври 2024 година, во рамките на Лигата на нации, во Рига триумфиравме со 0-3 со головите на Јани Атанасов, Лирим Ќамили и Елиф Елмас.
Последниот натпревар со Летонија се одигра на 14 ноември 2024 година во Скопје, кога славевме со 1-0, а единствениот гол го постигна Никола Серафимов.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













