
Репрезентацијата на Македонија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство откако во финалниот бараж загуби од Португалија во Порто. Но, елиминацијата на Италија одекна силно во светскиот фудбал и капитенот Стефан Ристовски вели дека не треба да бидеме тажни.
„После еден ваков успех човек не може да биде тажен, штета е што не се играше само еден бараж натпревар како што беше случај во претходните години. Во таков случај приказната уште повеќе ќе се паметеше. Приредивме светска сензација со победата против Италија и не делеа само 90 минути од пласман на Светско првенство. Постои таа мала горчина, но човек не може да биде тажен затоа што игравме два натпревари со светски велесили. И една Германија да играше на гости со Италија и со Португалија ќе и беше тешко да помине. Ние одигравме машки, меѓутоа тешко е да издржите против такви светски суперсили. Кога се ќе се собере испаднавме херои“, изјави Стефан Ристовски.
Следната цел на националниот тим е настапот во новото издание на Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
