Connect with us

Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Горан Станиќ, по поразот од Шведска со 1-4 во квалификациите, отворено го изрази своето разочарување од прикажаната игра.

„Направивме детална подготовка, знаевме кои се нивните предности. Имаме проблем со противници кои имаат исклучително брзи играчи, но добро влеговме во натпреварот. Меѓутоа, морам да кажам дека оваа генерација сѐ уште се соочува со наивност и ‘детски болести’, бидејќи направивме крупни грешки кои резултираа со убедливиот пораз.

Грешевме токму тогаш кога требаше да ја смириме играта и да го диктираме ритамот. По двата брзи примени гола, веќе немаше простор за калкулации и моравме да одиграме поофанзивно. Исто сценарио имавме и против Црна Гора — добар почеток, создадени шанси, но потоа непотребни грешки и загубен натпревар.

Мораме да сфатиме дека вакви пропусти не смеат да се случуваат на ова ниво. Видливо е дека можеме рамноправно да се носиме со сите ривали, тоа го потврдија последните натпревари, но потребно е да напредуваме во одредени сегменти. Работиме на тоа да бидеме поконцентрирани во пресудните моменти, и се надевам дека наскоро ќе дојде до промена“, изјави Станиќ.

Во следното коло од европските квалификации, младата селекција на Македонија ќе се соочи со силната репрезентација на Полска, а натпреварот е закажан за 18 ноември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови