Connect with us

Скалони потпишува нов договор за селектор на Аргентина

Лионел Скалони ќе продолжи да ја води аргентинската репрезентација, информира аргентинскиот портал TyC Sports.


Победникот на Копа Америка и на Светското првенство во Катар ќе го продолжи договорот до 2026 година и настапот на СП во Мексико, Канада и САД.


Според нивните сознанија, Скалони официјално ќе потпише нов договор до крајот на март, пред двата закажани пријателски натпревари.


Ваквиот исход на почетокот на минатата година веќе го најави претседателот Клаудио Тапија.


Скалони е на клупата на Аргентина од 2018 година, а претходно беше асистент и ја водеше селекцијата до 20 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови