Англискиот првак Манчестер Сити се враќа во победнички ритам по репрезентативната пауза. На „Итихад“, тимот на Пеп Гвардиола славеше со 2-1 против Брајтон и повторно се искачи на првата позиција на табелата со 21 бод.
Хулијан Алварез во седмата минута го отвори резултатот, а Ерлинг Халанд зголеми на 2-0 во 19.минута.
Брајтон намали преку Ансу Фати во 73.минута, а во судиското продолжение Аканџи доби црвен картон. Сепак, триумфот им припадна на „граѓаните“.
Њукасл го победи Кристал Палас со 4-0, а учество на овој дел зема и Сандро Тонали кој „заглави“ во скандалот со обложување во Италија. Марфи, Гордон, Лонгстаф и Калум Вилсон беа стрелци на головите за домашниот тим.
Вулверхемптон на гости славеше против Борнмут со 1-2, а Брентфорд го победи Барнли со 3-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













