Фудбалската репрезентација на Македонија е на чекор до обезбедување бараж за Светското првенство во Катар. Сега интересот кај фановите е зголемен, па ФФМ одлучи да ги отвори и источната и западната трибина од Националната арена “Тодор Проески” за натпреварот в недела.
Влезниците можат да се купат преку MkTicket, а цената на билети за источната и за западната трибина изнесуваат 100 денари. Од претходно е познато дека цените за јужната и за северната трибина изнесуваат 150 денари и 300 денари, во зависност од позицијата на самата трибина.
Одредени се и судиите за натпреварот Македонија – Исланд. Главен судија ќе биде Давиде Маса од Италија, а ќе му помагаат Давиде Биндони и Стефано Аласио. Четврти судија е Симоне Соза (Италија), а со ВАР – системот ќе раководи Швајцарецот Сандро Шерер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski