Пари Сен Жермен одигра вистински спектакл во Тулуз и славеше со убедливи 3-6, а ѕвезда на вечерта беше младиот Жоао Невеш, кој постигна хет-трик.
Светците доминираа од првата минута и за само половина час игра имаа недостижни 0-4. Невеш со два спектакуларни гола – и тоа со „ножички“, го отвори шоуто, а во листата на стрелци се впишаа и Баркола и Дембеле од пенал.
Домаќинот намали преку Кресвел во 37. минута, но пропушти шанса за нов погодок откако Касерес не реализираше пенал.
Во продолжението Дембеле уште еднаш беше сигурен од белата точка, а потоа Жоао Невеш го комплетираше својот хет-трик за најубедливата предност на ПСЖ.
Во финишот, Тулуз успеа да ублажи преку Гбохо и Восах, за конечни 3-6 во натпревар кој долго ќе се памети по блескавата вечер на Жоао Невеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













