Македонските репрезентативци Стефан Спировски и Иван Тричковски беа заслужни за одличното издание и убедливата победа на АЕК Ларнака на дуелот против шампионот АПОЕЛ, што нивниот тим го доби со убедливи 3-0.
Спировски во 7. минута донесе водство за домаќините постигнувајќи го првиот гол за новиот клуб, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Абрахам во 55. минута зголеми на 2-0, а во листата на стрелците се запиша и Иван Тричковски кој во 72. минута ги постави конечните 3-0.
АЕК Ларнака по две кола се наоѓа на првата позиција на првенствената табела со максимални шест освоени бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













