Ливерпул официјално го претстави Доминик Шобошлаи, кој стана второто ново летно засилување на „црвените“ по Алексис Мекалистер. Договорот на Унгарецот е до летото 2028 година, а англискиот тим за него плати 60 милиони фунти, колку што беше клаузулата во неговиот договор со РБ Лајпциг.
Ливерпул во петокот ја активираше клаузулата со важност до последниот ден од минатиот месец.
„Ливерпул е историски клуб со добри играчи и добар тренер. За мене е совршено да го направам следниот чекор во кариерата во таков клуб. Навивачите, стадионот – сѐ е на многу добро ниво“, рече Шобошлаи, кој исто така ја додаде својата порака до поддржувачите на Ливерпул:
„Едвај чекам да ве видам на стадионот. Од моја страна ќе дадам сѐ од себе“.
Унгарецот ќе игра на „Енфилд“ во дресот со број „8“, кој во последните пет сезони го поседуваше Наби Кеита. Претходно „осумката“ му припаѓаше на легендата Стивен Џерард.
Шобошлаи постигна 20 гола и забележа 22 асистенции на 91 натпревар за Лајпциг во сите натпреварувања. Од ноември 2022 година е капитен на унгарската репрезентација за која има 32 натпревари и седум гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













