Connect with us

Шилхави: Сите беа фантастични, да не ја заборавиме одбраната на Вацлик

Репрезентацијата на Чешка го направи досега најголемото изненадување на Европското првенство и се пласор во четвртфиналето на ова натпреварување со победа од 2-0 против Холандија. Головите на одлука во Будимпешта ги постигнаа Томас Холеш и Патрик Шик.


Големиот успех со радост го коментираше чешкиот селектор Јарослав Шилхави.


„Резултатот зборува за себе. Промените во нашиот почетен состав се покажаа како успешни. Сите тројца покажаа зошто се тука со нас и одиграа одличен меч“, изјави Шилхави.


Сепак, селекторот не заборава дека голманот Вацлик имаше спектакуларна одбрана кога Дониел Мален излезе сам пред голот.


„Морам да го истакнам и Томас Вацлик, кој ни помогна со прекрасна одбрана во вистинско време. Томас Холеш одигра фантастичен натпревар и придонесе за двата гола. И двајцата морам да ги пофалам. Горд сум на нив. Победивме силен противник и сите беа тактички одлични“, заклучи тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови