
Голманот на Барселона, Војчех Шчешни, покажа скромност и самокритичност при коментирањето на непоразената серија на тимот во 2025 година. Каталонците беа без пораз цели 20 натпревари во низа, сè до поразот од Борусија Дортмунд со 1-3 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, тој пораз не болеше, затоа што Барса се пласира во полуфиналето.
Во тој период Барса освои Суперкуп на Шпанија, стигна до финалето на Купот на кралот и до полуфиналето во ЛШ, а воедно се и на врвот на Ла Лига со четири поени предност пред Реал Мадрид.
И покрај ваквиот успех, Шчесни изјави дека неговиот придонес не е преголем.
„Мислам дека оваа серија е резултат на повеќе фактори, а мојот придонес беше навистина минимален. Тимот игра одлично, постигнува многу голови и добро се брани. Јас само се обидувам да не расипам ништо. Имав среќа што влегов во екипата во момент кога таа веќе победуваше. Играчите даваат сè од себе во одбраната – блокираат удари, добиваат дуели – и тоа многу ја олеснува мојата работа. Понекогаш се чувствувам како да можам само да запалам цигара и да гледам“, изјави со насмевка Шчесни.
Според информациите на каталонскиот „Спорт“, тренерот Ханси Флик целосно му верува на полскиот голман, оставајќи го случајот со Тер Штеген затворен до крајот на сезоната – нема да ризикува со негова прерана рехабилитација. Шчешни ќе остане стартер до летото.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
