Connect with us

Севилја се „омрси“ од грешките на Јунајтед, Јуве и Баер во полуфиналето на Лига Европа (ВИДЕО)

Севилја се пласира во полуфиналето на Лига Европа откако го елиминира Манчестер Јунајтед. По ремито (2-2) на „Олд Трафорд“, шпанскиот тим го победи Јунајтед со 3-0 на домашен терен.

Хари Мегваер направи почетничка грешка во осмата минута, а Јусеф Ен Несири погоди за водство за Севилја. На 2-0 зголеми Лоик Баде во 47.минута, а потоа повторно стрелаше Ен Несири, откако искористи грешка на Давид де Хеа. 

Јувентус одигра 1-1 против Спортинг Лисабон и ја сочува мининалната предност од Торино за пласман во полуфиналето каде ќе се сретне токму со Севилја. Адриен Рабио обезбеди предност за италијанскиот тим со голот во деветтата минута, а израмни Маркус Едвардс од пенал во 20.минута. 

Баер Леверкузен беше убедлив на гости против Ројал Унион, победи со 1-4 и во полуфиналето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Рома и Феенорд, каде ќе се играат продолженија. Рома во 90.минута обезбеди дополнителни 30 минути со голот на Пауло Дибала.     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови