Американскиот клуб Интер Мајами, откако ги обезбеди потписите на Лионел Меси и на Серхио Бускетс, е многу блиску до привлекување на Жорди Алба и на Серхио Рамос, пренесува каталонскиот „Спорт“.
И двајцата се слободни агенти откако неодамна ги напуштија Барселона и Пари Сен Жермен.
Интер Мајами се во завршна фаза од преговорите со Жорди Алба, кој го раскина договорот со Барселона и се откажа од голем дел од доспеаните плати. Левиот бек беше поврзуван со Атлетико Мадрид, Интер, Бенфика и Севилја, како и со преселба во Саудиска Арабија, но на крајот реши повторно да се обедини со поранешните соиграчи од Барселона, Меси и Бускетс.
Американците преговараат и со Рамос, кој не се договори со ПСЖ за нов договор и со тоа мораше да си замине како слободен играч. Централниот дефанзивец настапуваше заедно со Бускетс и со Алба во репрезентацијата на Шпанија, а до неодамна беше соиграч на Меси на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













