Connect with us

Сепак, ќе биде „CR7“ – Роналдо ја добива „седумката“ на Јунајтед од Кавани

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, сепак, ќе успее да ја добие својата „седумка“ во дресот на Манчестер Јунајтед. Оваа опција се отвори откако „црвените ѓаволи“ го продадоа Даниел Џејмс во Лидс Јунајтед за 30 милиони фунти. Тој го носеше дресот со број „21“, што всушност е бројот што Единсон Кавани го носи во репрезентацијата на Уругвај.

Тој ќе го земе дресот со број „21“ и ќе ја ослободи „седумката“ на Роналдо. И во новата ера во Манчестер Јунајтед, Роналдо ќе биде „CR7“. За ова да се случи, сепак, ќе треба да се побара специјална дозвола од Премиер – лигата. Но, со оглед дека се работи за голем бренд и ѕвезда како Кристијано, сигурно дека дозволата ќе биде обезбедена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови