Connect with us

Салернитана го сака Нестор-гол до крајот на сезоната

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски би можел вториот дел од сезоната во Серија А да го одигра во дресот на Салернитана. Клубот кој се бори за опстанок во елитата сака да доведе неколку засилувања, а меѓу имињата кои кружат како потенцијални се наоѓа и Илија Несторовски.

Салернитана постигна само 13 гола во досегашниот тек од шампионатот на Италија, очајно и е потребен нов квалитетен напаѓач кој ќе се обиде да ја помести од дното на табелата.

Несторовски откако се опорави од повредата на коленото нема минутажа во првиот состав на Удинезе и оттаму за него можеби е и одлична опција да се пресели во Салернитана до крајот на сезоната.

За Нестор-гол се интересираат и неколку клуба од Серија Б, Монца, Лече, Виченца…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови