
Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, избувна на крајот од финалето на Купот на Шпанија против Барселона, кое заврши со резултат 2-3.
Во напната ситуација во судиското продолжение, резервната клупа на Реал Мадрид бурно протестираше против одлука на судијата во 120+2 минута, а неколку играчи направија нервозни гестови кон него. Антонио Рудигер го грабна првиот предмет што му се најде при рака – шише – и го фрли кон де Бургос.
This is sick and disgusting. A team full of entitled babies. And Rudiger is an animal. Should get a lengthy ban from football, imo.pic.twitter.com/3WfEdCYcMO https://t.co/QMcJ2ERyLd
— 🇳🇴 kimmoFC (@kimmoFC) April 26, 2025
Главниот судија на финалето ја забележа ситуацијата и веднаш му покажа црвен картон на дефанзивецот. Поради сериозноста на инцидентот, според дисциплинскиот правилник на Фудбалската федерација на Шпанија, Рудигер се соочува со можна суспензија од 4 до 12 натпревари, што би можело да влијае на неговите настапи и во финишот на Ла Лига.
Црвени картони добија и Џуд Белингем и Лукас Васкес, но за нив се очекуваат поблаги казни, најверојатно суспензии од една до две средби, кои би се примениле во Купот на Кралот.
Рудигер едвај беше спречен од своите соиграчи и членовите на стручниот штаб на Реал Мадрид да не се нафрли врз де Бургос.
Камерите забележаа неверојатни сцени, на кои се гледа како Рудигер губи контрола и едвај е задржан од страна на Ферлан Менди, левиот бек на Реал.
Германецот беше стартер и одигра 110 минути, но физички не издржа и беше заменет 10 минути пред крајот, кога на теренот влезе напаѓачот Ендрик. На неговото место во одбраната влезе Аурелиен Чуамени.
Барселона го зададе решавачкиот удар во 116. минута, кога Кунде ја пресече топката на 30 метри од голот на противникот по лошо додавање на Модриќ и шутираше неодбранливо во далечниот агол, по земја. Барселона го освои Купот на Шпанија по 32. пат во својата историја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Барселона на лето го купува Хулијан Алварез

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер
