Рубен Невеш е избран за замена за Серхио Бускетс и Барселона сака тоа да го реализира веќе во зимскиот преоден рок. Каталонските медиуми пишуваат дека Чави Хернандез дал зелено светло за продолжување на преговорите, а Рубен Невеш не направил никакви проблеми околу личните услови бидејќи по секоја цена сака да се пресели на „Камп Ноу“.
Него го застапува Жорге Мендеш, влијателниот агент кој е во одлични односи со Хоан Лапорта. Дури има и оптимално решение Португалецот да дојде прво на позајмица до крајот на сезоната, со задолжителен откуп, а се споменува сума од 50 милиони евра.
Рубен Невеш има 25 години, тоа е вистински момент за исчекор во кариерата, бидејќи за Волвс игра од 2017 година кога пристигна од Порто.
Каталонците прво ќе треба да продадат некого во јануари, се погласни се гласините дека заминувањето на Жерар Пике би можело значително да го олесни буџетот за плати, бидејќи тој се уште е меѓу најплатените во соблекувалната. Исто така, следното лето се очекува заминување на Серхио Бускетс и на Жодри Алба.
Барселона вечерва го пречекува Баерн, но зависи и од Интер, односно Плзен кој не смее да загуби во Милано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













