Статусот на Кристијано Роналдо и неговата иднина е една од главните теми пред претстојниот трансфер период. Според францускиот новинар на „Foot Mercato“, Санти Ауна, веќе е познато каде ќе ја продолжи кариерата португалскиот напаѓач. Според неговите извори, дошло до пресврт, па Роналдо сепак потпишал нов договор со саудискиот клуб Ал-Наср.
Со тоа, барем привремено, ставен е крај на шпекулациите дека Роналдо ќе го напушти клубот. Се споменуваа повеќе опции – од големи европски клубови за кои ќе настапеше веќе на претстојното Светско клупско првенство, па сè до повлекување од фудбалот. Досегашниот договор со Ал-Наср му истекува на 30 јуни, по што ќе можеше да премине во кој било клуб без обештетување.
Португалската ѕвезда пристигна во Ал-Наср на 1 јануари 2023 година со најскапиот договор во историјата на спортот вреден 200 милиони евра годишно, има одиграно вкупно 111 натпревари за клубот и постигнато импресивни 99 голови во сите натпреварувања.
Првата сезона во Саудиска Арабија за Роналдо беше период на прилагодување на новата лига и култура, но дури и тогаш ја покажа својата класа. Во сезоната 2022/23 постигна 14 голови на 16 лигашки натпревари, вклучувајќи хет-трикови против Ал-Вахда и Дамак.
Посебно впечатлив беше натпреварот против Ал-Вахда во февруари 2023 година, кога Роналдо ги постигна сите четири гола во победата од 4-0, а првиот гол на тој натпревар беше неговиот 500-ти погодок во првенствени натпревари. И покрај индивидуалните успеси, Ал-Наср сезоната ја заврши како второпласиран тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













