Connect with us

Роналдо го врати Крузеиро во бразилската елита

Легендарниот бразилски клуб Крузеиро се врати во фудбалската елита на земјата. Ова стана факт по победата од 3-0 над Васко де Гама.


Клубот од Бело Хоризонте испадна пред 3 години, но откако легендата Роналдо стана негов сопственик, забележа сериозен подем и од следната сезона ќе игра со најдобрите.


Феноменот го купи Крузеиро минатата година и покажа големи амбиции кои веќе почнуваат да се остваруваат.


„Лисиците“ поведоа во 25. минута со голот на Фелипе Мачадо. По еден час игра Еду го удвои резултатот, а конечниот резултат го постави Луванор на четири минути пред крајот.


Така Крузеиро собра 68 бодови и на седум кола пред крајот е недостижен за едно од првите четири места во конечниот пласман кои носат промоција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови