
Работнички продолжи со победнички ритам и после репрезентативната пауза. „Романтичарите“ од денеска се единствениот непобедлив тим во Првата фудбалска лига. Во првите десет кола, не се најде тим што ќе го порази составот на Горан Станиќ.
Работнички денеска на Националната арена „Тодор Проески“ го победи Гостивар со 1-0 и се зацврсти на врвот на табелата во македонскиот шампионат со 22 бода. На рака им одеа и другите резултати.
Шкендија ремизираше без голови против Тиквеш, а Струга ТЛ загуби убедливо на домашен терен од Силекс со 1-4. Шкупи, исто така освои само бод на гости против Пелистер во Битола.
„Романтиката“ блеска на почетокот на новата сезона, веќе не е ниту пријатно изненадување, туку Работнички е сериозен кандидат за шампионската титула… доколку продолжи во ова темпо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
