
Репрезентативниот голман Столе Димитриевски испиша историја во македонскиот фудбал со рекорден период од 711 минути без примен гол, поставувајќи нов рекорд.
Серијата на Димитриевски можеше да продолжи, но погодокот на Велс во последните моменти од натпреварот ја прекина неговата неверојатна низа.
Според официјалните пресметки, минутите од судиското продолжение не се вклучуваат, што значи дека официјално станува збор за најдолгиот период без примен гол во историјата на македонската репрезентација.
Ова не е првпат Димитриевски да поставува вакви достигнувања. Тој веќе беше сопственик на вториот и третиот најдолг период без примен погодок во националниот дрес.
✅ 326 минути (во квалификациите за СП 2018 и пријателските натпревари против Норвешка, Финска и Азербејџан)
✅ 301 минута (во Лигата на нации 2018)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
