Connect with us

Реал Сосиедад го фрли „кралот“ на колена (ВИДЕО)

Реал Сосиедад го победи Реал Мадрид на домашен терен со 2-0 и се зацврсти на четвртата позиција на табелата во Ла Лига, која води во ЛШ. „Кралевите“ беа без Бензема, Винисиус Жуниор, Модриќ, Алаба…, но тоа сепак не го оправдува лошиот настап на тимот на Карло Анчелоти.

Реал Мадрид од 61.минута играше и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Дани Карвахал поради два жолти картони.

Такефуша Кубо во 47.минута донесе водство за Реал Сосиедад, а Андер Баренечеа го потврди триумфот во 85.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови