
Трент Александер-Арнолд можеби не е единственото големо засилување што Реал Мадрид ќе го реализира ова лето. Според шпанските медиуми, гигантот од Мадрид е решен да го доведе Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.
Минатото лето, Ливерпул беше заинтересиран за услугите на 26-годишниот фудбалер, но Зубименди одби да се пресели на „Енфилд“. По ова, во трката за неговиот потпис влезе и Арсенал.
Иако има можност да остане во Шпанија, Зубименди би можел да го смени клубот. Според информациите, неговиот агент веќе ги чека понудите што ќе пристигнат пред летниот трансферен прозорец.
Реал Мадрид е подготвен да ја активира ослободителната клаузула на Зубименди, која изнесува 50 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
