Connect with us

Реал Мадрид ќе го позајми Арда Ѓулер во Баер Леверкузен?

Реал Мадрид најверојатно ќе го даде на позајмица талентираниот играч од средниот ред Арда Ѓулер за следната сезона, пренесува „Релево“. Според изворот, клубот ја поддржува идејата турскиот талент да замине за да стекне играчко искуство.


За Ѓулер има сериозен интерес од новиот германски првак Баер Леверкузен, како и од италијанскиот калчолигаш Милан.


Ѓулер се пресели во Реал Мадрид во летото 2023 година. Досега за клубот има одиграно седум натпревари на кои постигна еден гол. Неговата трансфер вредност е околу 15 милиони евра.

Договорот на Арда Ѓулер со „кралевите“ е до крајот на јуни 2029 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови