Џејдон Санчо откри кој го убедил да прејде во Астон Вила од Манчестер јунајтед. Пред потпишувањето на договорот, тој разговарал со напаѓачот на Барселона, Маркус Рашфорд, кој минатата сезона играше на заем во клубот од Бирмингем.
„Разговарав со Рашфорд кога беше тука минатата година и знам дека навистина уживаше. Ми кажа многу убави работи за клубот – дека има пријателска атмосфера“, изјави Санчо.
Тој додаде дека менаџерот Унаи Емери му го презентирал планот за сезоната и токму тоа било клучот за да се одлучи да му се приклучи на тимот.
Санчо минатата сезона (2024/25) настапуваше како позајмен играч во Челси, каде одигра 42 натпревари, постигна пет голови и запиша 10 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













