Connect with us

Рамон Менезес е именуван за привремен селектор на Бразилците

Бразилската фудбалска конфедерација денеска соопшти дека Рамон Менезес ќе биде привремен селектор на А репрезентацијата, додека продолжува потрагата по постојан наследник на Тите, кој поднесе оставка по Светското првенство во Катар.


Менезес (50) ја предводеше репрезентацијата на Бразил до 20 години до титулата во Јужна Америка и ќе биде одговорен за пријателскиот натпревар против полуфиналистот на Светското првенство, селекцијата на Мароко, на 25 март.

„Тој е нов тренер со многу потенцијал. Сакаме повеќе луѓе со нови и храбри идеи во нашите репрезентации. Работеше одлично и го натера својот тим да игра модерно, со сите карактеристики на нашата игра”, изјави претседателот на Бразилската фудбалска организација, Едналдо Родригез.

Мароко стана првата африканска репрезентација која стигна до полуфиналето на Светско првенство, додека Бразил беше елиминиран во четврт-финалето од Хрватска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови