Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска ги продолжува подготовките за контролните натпревари против соодветните селекции на Ерменија и на Малта.
Пријателските натпревари против Ерменија и Малта ќе бидат последна проверка за избраниците на селекторот Драги Канатларовски пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП.
Квалитетниот играч од средниот ред на младата репрезентација на Македонија, Хамза Рамани, даде свое видување и анализа за претстојните контролни натпревари, како и за самите квалификации што започнуваат во септември.
„Од контролните натпревари со Ерменија и со Малта очекувам да одиграме квалитетно, борбено и да оствариме позитивен резултат, што ќе ни даде дополнителна мотивација и самодоверба пред почетокот на квалификациите во септември. Со нетрпение го очекувам стартот на квалификациите. Се надевам дека ќе успееме да одиграме добри квалификации и ќе оствариме добар пласман. Сакаме да го повториме успегот на генерацијата која се пласираше на Европско 2017 година. Мораме да бидеме максимално фокусирани на теренот, да се бориме за секоја топка, едноставно да дадеме се од себе. Само така можеме да се надеваме на позитивен резултат и одлични квалификации“, вели Рамани.
Дефанзивецот вели дека атмосферата во младата селекција е одлична.
„Имам фантастичен однос со сите во репрезентацијата, од играчите до тренерот и стручниот тим. Има разбирање и соработка помеѓу нас играчите и стручниот штаб, владее одлична атмосфера во репрезентацијата, што е многу битно и клучно во борбата за висок пласман. Поседуваме квалитет и одлучност, но тоа ќе мора да го покажеме на теренот во натпреварите што следат. Се надевам дека со добрите игри ќе можеме во иднина јас и моите соиграчи да бидеме дел и од А – репрезентацијата на Македонија“, истакнува Рамани.
Младата репрезентација на Македонија на 15. јуни, со почеток во 17 часот ќе ја одигра првата контролна средба против соодветната селекција на Ерменија.
Пет дена подоцна на програмата е вториот контролен дуел (17 часот) против репрезентацијата на Малта.
Двата натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski