Рајо Валјекано ја сопре Барселона играјќи 1-1 во мадридското предградие, во дуел кој донесе голема борба и изненадувачки исход за каталонскиот гигант. Барселона, која и трет натпревар по ред гостува поради реконструкцијата на „Камп Ноу“, запиша прв кикс во сезоната. Ако се знае дека голманот на Барселона, Жоан Гарсија, беше избран за играч на натпреварот, јасно е дека гигантот не заслужи да победи.
Првото полувреме не понуди премногу возбудувања, освен спорната ситуација во 38. минута кога Барселона доби пенал. Ламин Јамал влезе во дуел со Алваро Гарсија, по минимален контакт со Пеп Чаварија падна во шеснаесетникот, а судијата покажа на белата точка.
Јамал сигурно реализираше и донесе водство од 0-1 за Барселона, предизвикувајќи жестоки протести од домаќините и бурни реакции во јавноста.
Во вториот дел сликата на теренот целосно се смени – Рајо Валјекано беше поенергичен, поагресивен и целосно ја наметна својата игра.
Заслужениот гол за израмнување дојде во 67. минута. По корнерот на Паласон, Фран Перез беше оставен сам на вториот дирек и со прецизен удар ја погоди мрежата за 1-1. До крајот, Рајо продолжи со нападите и имаше уште неколку опасни шанси преку Алваро Гарсија и Паласон, па дури и постигна гол кој беше поништен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













