Connect with us

Работнички в среда ги стартува летните подготовки

Тимот на Работнички в среда, со почеток во 17 часот, ќе ги стартува подготовките за новата сезона 2023/24, објави клубот на официјалниот сајт. Шефот на стручниот штаб Милан Илиевски во клупската база ќе го има првиот собир со фудбалерите, а потоа тимот ќе стартува и со реализација на планираната програма.

Првиот дел од подготовките Работнички ќе го реализира во Скопје, а од 16 јули ќе замине во Словенија, каде ќе одигра четири пријателски натпревари.

Фудбалерите во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ги минат задолжителните лекарски прегледи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови