Connect with us

Работнички потпиша професионален договор со еден од најголемите таленти, Теодор Николовски

Иднината на Работнички е во младите и талентирани фудбалери од сопствената школа. Основниот темел на клубот и понатаму останува црпење на кадри од фудбалската академија, а оваа зима клубот промовира уште еден голем талент.


Теодор Николовски потпиша професионален договор со Работнички. Тој веќе подолг период тренира со сениорскиот тим и се стекнува со неопходното искуство, а истовремено игра натпревари со своите врсници во генерацијата.

„Теодор Николовски е еден од најталентираните млади фудбалери во академијата на Работнички и клубот одлучи да му понуди професионален договор. Веруваме дека тој ќе го развие својот талент затоа што има предоиспозиции и за голема меѓународна кариера“, изјави спортскиот директор Горан Станковски за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови