Пари Сен Жермен првпат во клупската историја е европски шампион! Во тотално нерамноправно финале на „Алијанц Арена“ во Минхен, „светците“ го декласираа Интер со убедливи 5-0 и ја освоија својата прва титула во Лигата на шампионите.
Ова е втора континентална титула за француски клуб по триумфот на Олимпик Марсеј во 1993 година, а за Луис Енрике четврти трофеј сезонава и нова тројна круна, по онаа со Барселона во 2015/16.
Од самиот почеток беше јасно кој ќе доминира. ПСЖ поведе уште во 12. минута со погодокот на Хакими, кој реализираше по одлична акција и асистенција од Дезире Дуе. Младиот Французин само осум минути подоцна го удвои водството – неговиот шут го зафати Димарко и го измами голманот Зомер за 2-0.
Интер изгледаше загубено, без идеја и енергија. Единствената закана во првото полувреме ја имаше Ачерби по корнер, а најдобрата шанса за „нераѕурите“ ја имаше Маркус Турам, кој во 37. минута со глава биеше покрај дирекот.
На спротивната страна, ПСЖ не застануваше. Дембеле и Кварацкелија имаа одлични обиди пред крајот на првото полувреме, но немаа прецизност.
Во вториот дел, Квича продолжи да се заканува, а по неколку промени кај Интер, Французите ја завршија работата на спектакуларен начин. Во 65. минута Витиња започна перфектна акција, ја продолжи кон Дуе, кој вторпат се запиша во листата на стрелци за 3-0.

Само неколку минути подоцна, Кварацкелија во соло акција постигна прекрасен гол за 4-0, а во 87. минута, Семи Мајули – уште еден млад играч на ПСЖ – од мртов агол ја постави историската „петарда“.
Со оваа победа од 5-0, ПСЖ ја запиша најубедливата победа во историјата на финалните натпревари во Лигата на шампионите. Луис Енрике го надмудри Симоне Инзаги и го запечати своето место во историјата како тренер кој ја донесе првата европска круна на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













