Connect with us

Проблеми за Борусија Дортмунд: Ројс и Хумелс неизвесни за дуелот со Сити

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд има сериозни проблеми за утрешниот реванш меч против Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Милионерите“ загубија со 2-1 во Англија и имаат релативно добра позиција пред утрешната пресметка за пласман во полуфиналето. Но, тренерот Един Терзиќ има големи проблеми со составот затоа што неизвесни се Марко Ројс и Матс Хумелс. Дефинитивно надвор од конкуренција за настап е Џејдон Санчо.

„Имаме неколку повредени фудбалери, ќе видиме кој ќе биде подготвен. Санчо немаше доволно време за да се опорави, но се надеваме дека барем Ројс и Хумелс ќе бидат во составот. Тие се многу важни, носат и искуство и квалитет во овој состав на Борусија Дортмунд“, вели тренерот Един Терзиќ.

Тој потенцира дека тимот нема да се брани на утрешниот меч со Манчестер Сити.

„Потребна ни е победа, тоа значи дека треба да постигнеме голови. Нема да биде доволно само да се концентрираме на одбраната“, посочува тренерот на „милионерите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови