
На 29 и 30 мај беа одиграни четирите финални натпревари во младински категори во рамките на Купот на Македонија
На првиот финален меч во категорија млади пионери одигран на стадионот „Борис Трајковски”, во Maџари, екипата на А.П. Брера се радуваше на освоениот пехар во најмасовното натпреварување, пo убедливата победа до 3-0 над Пелистер. Мартин Стоиловски беше стрелец на првиот гол во 38. минута. Водството на А.П. Брера го зголеми Албан Рочи во 63. минута. Конечниот резултат го постави Матеј Семенов во 84. минута од средбата.
Во второто финале во категорија пионери, кое беше исто така одиграно на стадионот „Борис Трајковски”, во Маџари, А.П. Брера оствари триумф над Пелистер по подобро изведување на пенали (3-1). Во регуларниот дел немаше победник, резултатот беше 1-1. Пелистер поведе со 1-0 уште во петтата минута преку Даниел Чавдаровски. Во 90. минута, Марио Митрев погоди за израмнување на резултатот.
Во категоријата кадети, во финалето се соочија тимовите на Шкендија и Вардар. На овој меч одигран на градскиот стадион во Кичево, екипата на Вардар се радуваше на пехарот по победата со 2-1. Абдуи Урима ја донесе Шкендија во предност во седмата минута. Кристијан Галевски во 20. минута погодува за 1-1. Целосниот пресврт се случи во 82. минута, кога Мирза Хасиќ погоди за предност и победа на својот тим.
Во последниот натпревар одигран на градскиот стадион во Кичево во категоријата младинци, Македонија ЃП го освои трофејот во Купот на Македонија, по победата со 2-0 над Пелистер. Алтин Алији во 48. минута го донесе својот тим во предност. Конечните 2-0 ги постави Никола Величковски во 83. минута од средбата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
