Македонија и Велс играат без голови, а практично не создадоа и ниту една сериозна шанса пред двата гола во првиот дел од дуелот на Арената „Тодор Проески“. Двете селекции се внимателни, пред сѐ внимаваат на сопствената мрежа и само понекогаш се обидуваат да се заканат.
Велшаните минаа повеќе време во полето на нашиот национален тим, но одбраната во тимот на Благоја Милевски засега е добро организирана и ги неутрализира противничките обиди.
Елмас и Барди се обидоа со соло-акции малку да ја раздвижат нашата игра, а Езгјан Алиоски ја имаше најсериозната закана, кога се одлучи на удар од далечина во 41.минута.
Поради повредата на Столе Димитриевски, на кого му се укажуваше медицинска помош, првиот дел беше продолжен за четири минути, но и во нив немаше посериозни шанси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













