Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, синоќа стана седмиот тренер што ја освоил Лигата на шампионите со два различни клуба и вториот кој двапати ја освоил тројната круна, покрај Пеп Гвардиола.
Неговиот ПСЖ го декласира Интер со 5-0 и така за првпат во историјата ја освои титулата европски шампион, а по последниот свиреж на судијата, Луис Енрике ја смени маицата и облече една со посебен натпис во чест на неговата ќерка Хана.
Таа почина во 2019 година на деветгодишна возраст од остеосарком, редок облик на рак на коските. На маицата беше истакнат логото на „Fundación Xana“, фондација која семејството Енрике ја основа во нејзина чест.
Енрике потоа клекна на тревникот на Алијанц Арена и покажа кон името „Хана“, со што уште еднаш покажа колку таа му значи.
Инаку, Шпанецот пред финалето најави дека доколку ја освои Лигата на шампионите, на посебен начин ќе ѝ оддаде почит на Хана, и се присети на заедничка фотографија од 2015 година кога со неа ја славеше титулата со Барселона.

„Мојата ќерка нема да биде физички присутна, но духовно ќе биде тука – тоа ми е исклучително важно“, изјави Енрике пред натпреварот.
Така, Енрике, кој секогаш истакнуваше дека Ксана е ѕвезда водилка на нивното семејство, стана симбол на човечката сила и љубов што ги надминува и најголемите трагедии.
И навивачите на ПСЖ ѝ оддадоа почит на Хана – за време на прославата беше подигнато прекрасно знаме преку трибините со ликот на Луис Енрике и неговата ќерка во момент на радост.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













