Connect with us

„Пандевци“ поразени од Монтана на последниот тест пред Лига Европа

Фудбалерите на Академија Пандев со пораз на последниот тест натпревар ќе ги очекуваат своите дебитантски настапи во квалификациите за Лигата на Европа.

На „генералката“ пред мечевите со босанскиот Зрињски во ЛЕ, „пандевци“ на теренот на сопствената фудбалска академија во Струмица загубија од бугарскиот второлигаш Монтана со 2-3 (1-1).

Бугарите до предност дошле уште во 2. минута со голот на Тасев, но во 37. минута македонскиот состав израмни со голот на Дориев. Во второто полувреме Бугарите повторно повеле во 50. минута, за да „пандевци“ израмнат во 74. минута. Сепак, со голот на Пиеров во 90. минута Монтана стигна до конечниот триумф.

Првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лига Европа против Зрињски, Академија Пандев го игра на 11. јули на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 19 часот. Реваншот е на 18. јули во Мостар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови