
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ги расчисти сите дилеми околу неговиот иден статус во македонската репрезентација.
Пандев во разговор за италијанската „Газета“ ги нагласува трите негови главни цели до крајот на фудбалската кариера.
„Веќе имам три желби или цели за иднината на мојата играчка кариера. Најпрво сакам квалитетни изданија и мирен опстанок на Џенова во Серија А, потоа планирам уште една година активно играње. Сакам да биде тоа Џенова но ако не се договориме, секако би сакал да останам во Италија. Но, за тоа ќе разговараме од јуни по крајот на актуелната сезона. И третата цел е следната година да го поминеме Косово во плеј-офот од Лигата на нациите и да играм со Македонија на Европското првенство 2020“ – вели Пандев во изјава за „Газета“.
А, по 17 години настапи во Серија А македонскиот фудбалер, како што вели, и натаму не го крие огромниот ентузијазам во желбата за победи, за голови, за успеси.
„Ништо од желбата за фудбал не е намалено. И натаму е силен интензитетот на амбиција дури да победувам и на пријателски натпревари, и да постигнувам голови и да го победувам Јувентус на официјални натпревари и покрај тоа што знам колку моќен тим се црно-белите“ – вели Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
