
Интер Мајами продолжува да се соочува со сериозни потешкотии, откако претрпе тежок пораз од 0-3 на домашен терен против Орландо Сити во натпревар од регуларната сезона на американската МЛС лига. Лионел Меси и неговите соиграчи запишаа трет последовен натпревар без победа во првенството, што ја продлабочи кризата во тимот.
Покрај Аргентинецот, од првата минута за тимот на Хавиер Масчерано настапија и другите ѕвезди на екипата, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба, но ниту тие не успеаја да ги спасат „розовите“ од пораз.
Гостите го отворија резултатот во 43. минута преку Луис Муриел, кој се извлече зад одбраната и мирно реализираше за 0-1.
Десет минути по продолжението на натпреварот, Марко Пашалиќ ја искористи лошата интервенција на одбраната и го зголеми водството на Орландо, стрелајќи покрај голманот за 0-2.
Во последните секунди од средбата, Дагур Торхалсон стави точка на натпреварот, откако го искористи додавањето од Данкан Мегваер и го постави конечниот резултат 0-3.
Благодарение на оваа победа, Орландо Сити се искачи на петтото место на табелата во Источната конференција со 24 бодови, надминувајќи го Интер Мајами, кој сега е шести со 22 бодови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
