Connect with us

Онана и Брозовиќ влегоа во клинч, пред реваншот со Бенфика (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер вечерва против Бенфика ќе го одиграат реванш натпреварот од четврт-финалето на Лигата на шампионите.


Натпреварот почнува од 21 часот на стадионот „Џузепе Меаца“, a „нероаѕурите“ дојдоа до значајна предност од 2-0 во Лисабон, но не недостига тензија на тренинзите.


Камерите ја уловија тензичната ситуација меѓу Андре Онана и Марсело Брозовиќ откако голманот на Интер при една реакција го закачи репрезентативецот на Хрватска.

Овој не му остана должен, туку започна вербален конфликт, а не се претвори во физички поради реакцијата на Ромелу Лукаку и играчите во непосредна близина.

Нервозата си го прави своето, но ваквите ситуации не се ретки во светот на фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови