Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, и директорот на сите репрезентации, Горан Пандев, испратија силна порака на поддршка, купувајќи 300, односно 100 билети за утрешниот натпревар против Велс во Скопје.
Продажбата на билетите се одвива одлично, а трибините ќе бидат преполни, со што ќе се обезбеди значителен приход кој ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани.
Омерагиќ и Пандев лично вложија средства во оваа иницијатива, а од ФФМ упатија апел да се стави крај на праксата на делење гратис билети за натпреварите на македонската фудбалска репрезентација.
Покрај ова, ФФМ ќе им дозволи на одредени основни училишта низ земјата организирано да ги донесат најмладите на натпреварот и бесплатно да го бодрат националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













