Connect with us

Од славење во трагедија: Двајца мртви, 559 уапсени при прославата на титулата на ПСЖ во Париз (ВИДЕО)

Трагедија ги засени прославите во Париз по повод освојувањето на Лигата на шампионите од страна на Пари Сен Жермен, при што загинаа две лица. Дваесетгодишна жена го загуби животот во сообраќајна несреќа во саботата, кога скутерот на кој се возела бил удрен од автомобил во 15-тиот округ на главниот град. Во исто време, 17-годишно момче беше смртно избодено со нож во Дакс, во регионот Ланд, за време на собирот по повод славењето на победата над Интер.

Сериозни оштетувања по синоќешните нереди во Париз
Според полицијата, низ цела Франција се извршени 559 апсења, при што 254 лица се задржани. Повредени се и 22 полицајци, меѓу кои седум пожарникари, како и 192 граѓани, пренесе „BFM-TV“ повикувајќи се на полициски извори.

Регистрирани се и 692 пожари, меѓу кои 264 возила.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови